• петок, 17 мај 2024

Намалени производството и продажбата на шумски производи во државните шуми

Намалени производството и продажбата на шумски производи во државните шуми

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2023 година во однос на второто тримесечје од 2022 година е намалено за 24,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови, а намалување кај трупците, рудничкото и огревното дрво − од иглолисни и листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 82 255 метри кубни и бележи намалување за 37,5 отсто. мч/са/

Тагови

Остани поврзан