• петок, 22 ноември 2024

Надал ги пропушта турнирите во Барселона, Монте Карло и Мадрид

Надал ги пропушта турнирите во Барселона, Монте Карло и Мадрид

 

Мадрид, 4 април 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради проблеми со грбот ќе отсуствува околу шест недели, пренесува денеска весникот Диарио Спорт.

Според изворот, голема е веројатноста Надал да ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид.

Оваа сезона, 37-годишниот Шпанец настапи на турнирот во Бризбејн, каде во четвртфиналето загуби одавстралискиот тенисер Џордан Томпсон.

Надал притоа го повреди колкот поради што го пропушти Австралија Опен и се повлече од турнирите во Доха и Индијан Велс. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан