• среда, 01 мај 2024

Навреме и непречено почна гласањето во Прилеп

Навреме и непречено почна гласањето во Прилеп

Прилеп, 24 април 2024 (МИА) - Навремено и непречено, во 07:00 часот, почна гласањето во првиот круг на претседателските избори на сите 142 избирачки места во Прилеп. Своето право на глас денеска може да го остварат 62 082 граѓани.

- Навремено без проблеми почна гласањето во општина Прилеп. Денеска своето право на глас може да го остваруваат 62 082 граѓани. Вчера гласаа болните и немоќните, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и затворениците во прилепскиот затвор. Од 291 болно и немоќно лице, гласаа 277. Во Домот за стари, од 68 регистрирани лица, своето право на глас го остварија 56, а од 104 затвореници, гласаа 79, изјави Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Денеска во Крушево можност за гласање имаат 7755 граѓани на 23 избирачки места, во Долнени 11 730 избирачи кои ќе гласаат на 40 изборни места, а во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас може да го остварат 4428 граѓани. ем/ир

Фото: МИА

Остани поврзан