• недела, 22 декември 2024

Навивачите на Партизан го прекинаа финалето, Црвена ѕвезда пред одбрана на титулата

Навивачите на Партизан го прекинаа финалето, Црвена ѕвезда пред одбрана на титулата

 

Белград, 6 јуни 2024 (МИА) – Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата.

„Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми.

Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан пошнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот.

Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот.

Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат.

Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот.

Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда.

Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан