• петок, 02 јануари 2026

Стигнаа први понуди за Салах

Стигнаа први понуди за Салах

Ливерпул, 12.декември 2025 (МИА) – Мохамед Салах по ремито на Ливерпул со Лидс реши да проговори за неговата состојба и односот со менаџерот Арне Слот. Неговата изјава направи вистински хаос и сега се почесто се зборува за негово заминување од Енфилд.

Деновиве Салах не беше во составот и на дуелот од Лигата на шампионите со Интер и остана во Ливерпул, каде имаше средба и со поранешниот капитен на „црвените“ Џордан Хендерсон.

Дел од екипите од Саудиска Арабија веќе покажаа интерес за Салах, кој пак деновиве ќе замине на АФКОН каде ќе настапува за својата репрезентација – Египет. Покрај трите екипи на Саудиска Арабија и две САД го сакаат Салах во своите редови.

Еден од клубовите од Саудиска Арабија веќе доставил понуда до Салах со неделна плата од 2,85 милиони евра.

Салах по неделното коло и дуелот со Брајтон ќе го напушти Ливерпул за да замине на АФКОН, а дали повторно ќе го облече дресот на Ливерпул е неизвесно. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан