• петок, 26 април 2024

,,Мој општинар" Кавадарци работи на проект за пристапност на лица со попреченост до секој дел од градот

,,Мој општинар

Кавадарци, 7 јуни 2023 (МИА) - Службата „Мој општинар" во Кавадарци веќе работи на проектот за пристапност на лицата со попреченост до секој дел од градот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 


 - Во прва фаза целта на проектот е да се спуштат тротоарите на сите локации каде што е неопходно. Да се дислоцираат бандерите што го попречуваат движењето. Да се изврши проширување на тротоарите на некои локации, каде што тоа е потребно. Проектот е идеја и ќе се реализира во соработка на  „Мој општинар" со Јанчев, соопштија од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму појаснија дека откако ќе се реализира оваа фаза, во втора фаза е планирана и соработка со сите останати институции. Со цел  да се овозможи соодветен пристап до сите институции, каде што засега, не е овозможено да пристапат лица со попреченост. 

- Откако ќе се реализираат двете фази, проектот ќе се заокружи со изработка на мапа на градот, со достапни места за сите лица со попреченост, која ќе биде поставена на официјалната страна на Општина Кавадарци, информираа од кабинетот на Јанчев. свд/сст/


Фото : Општина Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан