• четврток, 26 март 2026

Вработен во Национални шуми во Струга го оштетил буџетот на претпријатието за половина милион денари

Вработен во Национални шуми во Струга го оштетил буџетот на претпријатието за половина милион денари

Струга, 20 август 2025 (МИА) - Вработен во јавно претпријатие „Национални шуми“- подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга издавал испратници без одобрение за сеча со што го оштетил претпријатието за околу половина милион денари, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, надоврешната канцеларија за криминалистички работи Струга  поднела кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.   

- Пријавениот, вработен во јавно претпријатие „Национални шуми“- подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на   испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист. Со ваквите дејствија на   јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите, стои во соопштението. сс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан