• петок, 17 мај 2024

Московскиот суд му го продолжи притворот на новинарот на Волстрит журнал, Гершкович

Московскиот суд му го продолжи притворот на новинарот на Волстрит журнал, Гершкович

Москва, 24 август 2023 (МИА) - Московскиот суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович за три месеци, објавија британските медиуми.

Репортерот на „Волстрит журнал“ беше уапсен на 29 март во градот Екатеринбург под обвинение за шпионажа што може да донесе до 20 години затвор.

Тој и весникот за кој работи силно ги отфрлаат тврдењата и ја обвинија Русија за ангажирање во „заложничка дипломатија“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан