• недела, 19 мај 2024

Младите од Македонска Каменица се запознаа со начините на укажување Прва помош

Младите од Македонска Каменица се запознаа со начините на укажување Прва помош

Македонска Каменица, 2 февруари 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска во Македонска Каменица спроведе обука за запознавање на младите со основните начини на укажување прва помош. Активноста, како што информираа од Организацијата, се спроведе со учениците од Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар" од Македонска Каменица.

- Оваа обука е дел од  кампањата за прва помош под мотото „Првата помош спасува живот". На обуката присуствуваа сите ученици од прва година и дел од наставниците, а истата беше одржана од страна на медицинската сестра Антица Стоименовска Ивановска и Елена Петровска. Целта на оваа кампања е да се едуцираат поголем број на ученици и наставници со основните вештини по прва помош, информираа од Црвен крст Делчево.

Поседувањето вештини за прва помош, како што беше кажано пред учениците, ги зголемува капацитетите на учениците за  преземање брза акција со цел намалување  или стабилизирање на сериозните повреди, како и подобрување  а шансите за преживување на жртвата.

- Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен чин кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнувањето предизвикани од ненадејни повреди или болест, додадоа од Црвен Крст.

Првата помош, нагласија, е од огромна важност за обичните луѓе кои често се принудени да укажат прва помош за да спасат нечиј живот. вс/цр

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан