• сабота, 18 мај 2024

Младински форум на АА засади цвеќе во дупките на тетовските улици

Младински форум на АА засади цвеќе во дупките на тетовските улици

Тетово, 2 октомври 2021 (МИА) -  Членовите на Младинскиот Форум на Алијанса за Албанците во дупките по улиците на Тетово симболично засадија цвеќе. Со оваа акција според партијата, младите праќаат порака до Теута Арифи и ДУИ.

Младите од Алијанса за Албанците синоќа ги покрија дупките низ улиците на Тетово, ставајќи цвеќиња во нив. Овој гест од Младинскиот форум го привлече вниманието на граѓаните.

Според Алијансата за Албанците, со оваа акција се испраќа порака до градоначалничката на Општина Тетово, воедно и кандидат за градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, за длабоките дупки по улиците на градот.

-Оваа преземена акција е исто така и со намера да се иронизира со зелената агенда на ДУИ кои што ја промовираат како агенда за локалните избори. Граѓаните во сите општини се  сведоци за тоа како управувале градоначалниците на ДУИ по општините, оставајќи ги улиците со отпадоци, со дупки и без ниедна зелена  површина или парк за децата, велат во соопштението од Алијанса за Албанците.ас/бт/

Остани поврзан