• понеделник, 15 јули 2024

Мицкоски за ставот на Филипче околу 500-те милиони евра од Унгарија: Во СДСМ се натпреваруваат кој пожестоко ќе не исплука мене и Владата

Мицкоски за ставот на Филипче околу 500-те милиони евра од Унгарија: Во СДСМ се натпреваруваат кој пожестоко ќе не исплука мене и Владата

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Сега гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде појак и пожесток во плукањето кон мене и кон Владата од претендентите и од новизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е нивен, внатрешен фоклор. Јас не би го коментирал, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со ставот на Венко Филипче дека договорот на земјава со Унгарија за 500-те милиони евра е вид политичко заложништво.

Мицкоски е дециден дека додека е премиер, никогаш нема да ја доведе државата во подредена положба, ниту ќе дозволи таа да зависи од кој било друг, освен од своите граѓани.

-Оваа држава, како што вели тој, може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата никогаш, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот што го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме. Додека сум јас премиер, ќе повторам, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен, освен од граѓанинот, подвлече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Охрид.

Лидерот на СДСМ Филипче изрази загриженост дека специјалната економска соработка што ја договори Мицкоски, е „една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан“. Оцени и дека кредитот од 500 милиони евра со 3,25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, не е поволен од економски аспект. -Очигледно е дека не станува збор за некаков економски бенефит, туку за политичка одлука, коментираше Филипче. мч/нд/

фото: МИА

Остани поврзан