• вторник, 30 април 2024

Мисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, граѓаните да излезат на 24 април и да го дадат гласот за Силјановска Давкова

Мисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, граѓаните да излезат на 24 април и да го дадат гласот за Силјановска Давкова

Скопје, 14 април 2024 

Денеска тука во Ѓорче Петров може да видите една преубава слика заедно министерот Стефан Андоновски, со пратеникот Бојан Стојаноски, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски и со многу млади луѓе. 

Денеска ќе дискутираме за различни теми за она што нив ги интересира и вистина ми е драго што гледам повеќе и повеќе млади да се сплотуваат за Гордана Силјановска Давкова. 

Се среќаваме со различни целни групи, со различни категории, возрасти на луѓе можам да кажам дека сите луѓе се за ВМРО-ДПМНЕ и сите се со огромна поддршка за Гордана Силјановска Давкова. 

Многу убави работи спомна Стефан, но јас сакам да дополнам една работа.
За да имаме што поголема промена во општеството, за што повеќе луѓе да се сплотат ни треба голема мобилизација на овие избори. Затоа сакам да ги повикам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова бидејќи потоа со што поголема излезност ќе се направи една голема енергија, голема еуфорија за голема победа, бидејќи македонскиот народ одвај чека да победи, а за да ја направиме Македонија горда ни треба сите да гласаме за бројот 2, а тоа е нашата професорка. 

Се разбира потоа на новите избори и кампањата која следува од 18 април, тие се парламентарните избори заеднички овој циклус да покажеме дека време е за промени, дека време е за една поубава, проевропска Македонија и се разбира да ја направиме Македонија горда.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Остани поврзан