• недела, 22 декември 2024

Ден на ,,станушина"  на 11 мај во Кавадарци 

Ден на ,,станушина

Кавадарци, 30 април 2024 (МИА) - Ден на ,,станушина" е насловена манифестацијата што ќе се реализира во Кавадарци на 11 мај, во организација на Здружението ,,Македонски семејни винарии“. 

Од Здружението вечерва соопштија дека станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје. 

- Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво, нагласија од ,,Македонски семејни винарии". 

Оттаму беа  децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад од неа се прави квалитетно вино. 

-Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња, информираа од Здружението. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан