• вторник, 12 ноември 2024

Мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски 

Мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски 

Тетово, 21 март 2023 (МИА) – Неколку десетици граѓани денеска повторно се собраа пред зградата на Основен суд Тетово за да дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница.  Докторот е обвинет за кривично дело „непостапување по здравствени прописи“ или затоа што им одобрувал на роднини на болните да бидат со нив во болничките соби додека им трае хоспитализацијата.  

-Дојдовме да дадете поддршка на докторот. Сметаме и цела јавноста знае дека не е виновен, дека треба некој друг да одговара. Докторот во целиот период за Ковид-19, знаеме што се направи за граѓаните на Тетово. Трчаше неуморно работеше и многу ми е криво што сега тука се суди невин човек. Правдата да ја бараме на друго место кај други луѓе, што ги донесоа теи бараки тука.  Знаеме ние човекот кој и знае и јавноста кој е, да се осуди тој што ги прати овдека тие бараки. Дојдени за целосна поддршка да не се суди овој човек зошти е невин 100 отсто, истакна жител на Тетово.

И негова сограѓанка рече дека сите што редовно доаѓаат пред секое судење и даваат целосна поддршка за докторот за кого сметаат дека совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19.

-Причината за овој собир е целосна поддршка за доктор Боби. Бидејќи сите знаеме кој е тој доктор кој што спасил многу животи, баш за време на најголемата криза, тој беше достапен за пациентите 24 часа и сметаме дека е неправедно обвинет. Вината треба да се бара кај некој друг, а не кај овој доктор што спаси животи на многу пациенти. Не може болница ако е исправна за толку кратко време целосно да изгори.  Ако немало присутни од семејствата на починатите што изгореле таму, тогаш би изгореле сите пациенти што биле во болницата.  Благодарение на присутните од семејствата не починале сите. Вината не е кај докторот, треба да се бара на вистинското место. Го направија како жртвено јагне. Ова по мое излегува да се оправдаат на семејствата на настраданите, еве ја започнававме ние судската постапка, истакна ученичка во мирниот граѓански протест во изјава за медиумите.

За пожарот во модуларната болница покрај д-р Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице. ас/дма/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан