• петок, 06 декември 2024

Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба

Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба

Берово, 12 ноември 2024 (МИА) - Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга - Берово. Во соопштението до граѓаните тие го пренесоа известувањето од Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово кои донесоа Решение заведено под број  бр.26-772 од 12.11.2024 година.

-Се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово - водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење, се додека не се доведе во безбедна состојба, односно може да се користи само како техничка вода. Исто така се наредува на ЈПКР „Услуга“ Берово да се изврши соодветна преработка за да може да се користи водата како вода за пиење, се вели во соопштението од АХВ.

Согласно наведеното Решение бр.26-772 од 12.11.2024 година, се известуваат граѓаните од Берово дека водата од водоснабдителната мрежа поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет во однос на физичко хемиската анализа (зголемена концентрација на манган) во согласност со Правилникот за вода за пиење, не смее да се употребува за пиење и готвење. Водата може да се користи исклучиво само како техничка вода

-Ве известуваме во наредниот период водата да се користи само како техничка вода. Состојбата ќе трае се додека квалитетот на водата не се усогласи во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно наведениот правилник, стои во соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово. вс/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан