• недела, 22 декември 2024

Во тек поднесување барања за финансиска поддршка во земјоделството

Во тек поднесување барања за финансиска поддршка во земјоделството

Неготино, 12 ноември 2024 (МИА) - Во тек е поднесување барања за субвенции, финансиска поддршка во земјоделството по програмата за оваа година, информираа попладнево од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Неготино.  
 
- Барања може да се поднесат за субвенции за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,  домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети,  за остварено производство на овошје, за овошје предадено во преработувачки капацитети, за остварено производство на грозје, за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици и за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед, соопштија од подрачната единица. 

Барањето може да се поднесе електронски, или лично во подрачната единица на Министерството, со помош на вработените. 
 
Рокот за поднесување на барањата е 25 декември 2024 година. свд/ир/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан