• среда, 15 мај 2024

Минатата недела санкционирани 237 непрописно паркирани возила во Центар

Минатата недела санкционирани 237 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 18 септември (2023) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 11.09. до 17.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. мч/дма/

фото: Општина Центар

Остани поврзан