• недела, 12 мај 2024

Милановиќ по одлуката на Уставниот суд: Надоаѓаат реки на правдата

Милановиќ по одлуката на Уставниот суд: Надоаѓаат реки на правдата

Загреб, 18 март 2024 (МИА)  - По предупредувањето на хрватскиот Уставен суд дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ можеби не смее да биде кандидат за пратеник или премиер на претстојните парламентарни избори, како и дека не смее да учествува во изборната кампања, веднаш се огласи шефот на хрватската држава со кратка порака „ надоаѓаат реки на правдата“.

„Надоаѓаат реки на правдата“, напиша кратко Милановиќ на својот официјален Фејсбук профил.

Претходно денеска Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи Милановиќ да не може да учествува на парламентарните избори ниту како кандидат за пратеник, ниту како кандидат за премиер, ниту може да учествува во изборна кампања.

Според толкувањето на Уставниот суд на Хрватска, Милановиќ за да учествува на парламентарните избори прво треба да поднесе оставка.

Според образложението на претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, СДП по изборите може да го предложи Милановиќ за свој кандидат за премиер. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан