• петок, 05 декември 2025
МИА Општински пул

5 ноември 2025 

Куманово - Екипите на електродистрибуција продолжуваат со работа за санација на дефектот кој се случи вчера и остави повеќе села од поширокиот кумановски регион без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН.

Жителите од повеќе села реагираа до медиумите дека останале без струја подолг временски период.

Од Електродистрибуција информираат дека дел од кумановските села вчера останалд без електрична енергија поради испад на 20кВ далекувод.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека без електрична енергија се повеќе села од општините Куманово и Старо Нагоричане.  

-Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села. Тие продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците, информираат од Електродистрибуција. 

Скопје - Без вода денеска ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ крак 1, 3 и 5.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на булевар „Борис Трајковски“ 1/18.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Скопје - Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата Девол во општина Карпош.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15 и ќе трае се до отстранување на дефектот.

Скопје - Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Ацо Караманов“ како и објектот на Американската резиденција во општина Центар.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека прекинот со водоснабдување е поради дефект во шахта од ф - ¾ на улицата „Ацо Караманов“ бр. 10, и ќе трае се до отстранување на дефектот.

Остани поврзан