• четврток, 22 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Општински пул

10 април 2025 

Скопје - Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри.

Овој нов тротоар ќе обезбеди побезбедно движење на пешаците, што е значајно за сите жители на општината. Изградбата на пешачката патека е дел од поширокиот проект за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура, кој има за цел да го подигне квалитетот на животот на граѓаните и да ја осигура безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Скопје - Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува центарци да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Општина Центар, активно го поттикнува користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделени се 376 субвенции за велосипеди, 47 за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема.

„Возењето велосипед е една од најдобрите навики што можеме да ги направиме за нашето здравје. Возењето велосипед е едноставен чекор со кој секој од нас може да придонесе за поздрава и почиста заедница. Еден велосипед повеќе значи едно возило помалку и помал метеж во сообраќајот. Ги повикувам сите центарци да аплицираат на повикот и заедно, со мали промени во секојдневието да донесеме големи придобивки за почист воздух и поздрава животна средина, да изградиме едно поубаво место за живеење“, вели Герасимовски.

Скопје - Без вода денеска од 10:10 часот се дел од корисниците од улицата „Шар Планина“ број 69 во општина Ѓорче Петров. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на улица „Шар Планина“ број 69.

Неготино - Грант за млади таленти обезбедува Здружението „И јас сум" од Неготино, информираше денеска Милица Пауновска, лице за односи со јавноста во здружението. Таа соопшти дека е објавен јавен повик за поддршка на млади талентирани личности, „Јас сум шампион“.

Пауновска појасни дека здружението е основано со цел да создава инклузивно општество и да ги поврзува луѓето со нивниот внатрешен потенцијал. 

Дојран - Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги демантира вчерашните информации дека на брегот на Езерото, на потегот од Нов до Стар Дојран, се појавила бела пена, мртви риби и ракови. Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на Дојран.

-Во овој период рибата се мрести и примероци од неа, кои не можат да се измрестат, едоноставно угинуваат, односно пукаат, бидејќи не можат да ја исфрлат икрата. Квалитетот на водата постојано се испитува и е со добар квалитет, а со изградбата на Пречистителната станица, која набргу ќе ја пуштиме во употреба, квалитетот на водата во Езерото ќе биде уште подобар, изјави за МИА Ангов.

Скопје - Поради уличен дефект ф-160мм, без вода од 09:30 часот ќе бидеат корисниците во дел од Сопиште, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Скопје - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради уличен дефект на ул. „Киро Фетак“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците ул. „Киро Фетак“, дел од ул. „Сердарот“ и село Долно Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Тетово - Семејството на Теодора Ристовска преку отворено писмо упати благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот и изрази надеж дека ќе има реакција од Судскиот совет, по изречената казна од две години затвор за возачот во сообраќајката во која нивната ќерка и сестра го загуби животот во 2022 година.

- Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора, велат во писмото од семејството Ристовски.

Скопје - Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Осло“ во општина Карпош, информира ЈП Водовод и каналзиација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Скопје - Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош. Без вода, најави ЈП Водовод и канализација - Скопје денска ќе останат корисниците од  ул. „Црвена Скопска Општина“.

Без струја од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците во село Волково – место викано Пржина, Општина Ѓорче Петров. Oд 09:00 до 15:30 часот, ул. „29“ во село Сопиште, а од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците „Бриселска“, „Софиска“ и „Гаврил Лесновски“, Општина Карпош. 

Струга - Во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжат судските процеси против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет се споени училиштата во Лабуништа, Радолишта, Подгорци, додека за училиштето во Велешта и за „Браќа Миладиновци“ во Струга се водат два одвоени предмети.

За случајот со училиштето „Зини Хани“ во Велешта, покрај Мерко уште четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување. Според обвинението, покрај незаконското поставување на Егзона Шеј за директор, таа се товари и за фалсификување дипломи.

 

Остани поврзан