• петок, 05 декември 2025
МИА Радио флеш

Скопје – Предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.

Како што соопшти предметната јавна обвинителка, предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

Скопје – Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство.

По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни.

-Засега толку можеме. И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Досега се расправашни голем број на сведоци, можеби над три стотини. Се надевам дека јавните обвинителите ќе ја завршат постапката предвидена со динамиката, рече Коцевски.

Скопје - Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално. 

Како што рече денеска претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво.

Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, посебно во делот на добивањето реални податоци врз основа на кои би се испорачувала и реална проценка на ситуацијата. 

Скопје – Иако предлогот за избор на гувернер на Народната банка на Македонија сѐ уште не е доставен до пратениците, предложениот кандидат Трајко Славевски нема да добие поддршка од опозицијата, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски.

-Сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски, не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било традиција во изминатите години. Од претседател на Советот на град Скопје доаѓа како гувренер на Народната банка, тоа е првата работа. Втората причина е што тој е човек којшто се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики коишто се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, велеше дека дури 9.000 денари е голема минимална плата. Тој не може ништо добро да донесе ниту за системот, ниту за државата. Трето, човекот којшто овие изминати скоро четири години како претседател на Советот на град Скопје не направи ништо освен кочење на сите работи коишто требаше Советот да ги прави, истакна Спaсовски.

Скопје - Согласно годишниот извештај, најмногу прекршувања на човековите права лани имало во делот на граѓанските состојби, претежно врзани со неможноста за добивање на лични документи, поточно патните исправи. Правосудството е проблематична сфера со најмногу прекршувања и претставки од граѓаните, а има претставки и во однос на работата на извршителите. Проблематични се и прашањата поврзани со потрошувачките права, потенцираше денеска народниот правобранител Насер Зибери.

Тој информираше дека лани од граѓаните биле поднесени над 2.700 преставки. Народниот правобранител лани постапувал по 3.120 преставки, со оглед на фактот што одреден квантум на претставки се префрлуваат од претходната година.

Скопје - Во првото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 962 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 882 илјади, во железничкиот превоз 61 илјада, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 631 180, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, во споредба со првото тримесечје од 2024, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 12.0 %, во железничкиот превоз за 21.9%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 1.6%.

Скопје - Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина се сретна со заменик-министерот на Меѓународниот оддел на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Чен Џоу, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателката на Групата, Олга Лозановска, во воведното обраќање истакнала дека иако сме географски оддалечени, односите меѓу двете држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување.

Тирана – Албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу на средбата со командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Башким Јашари, даде гаранции дека Албанија стои зад Косово за да ја гарантира стабилноста во регионот.

На средбата во Тирана, на која присуствуваа и началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили, генерал-потполковник Арбен Кинѓи, се разговараше за „стратешката и братска соработка меѓу две земји во областа на одбраната, која се смета за фактор на стабилност за регионот и јасна ориентација кон евроатлантските интеграции“.

Атина – Јасно се залагаме за итен прекин на огнот и целосно враќање на непречениот проток на хуманитарна помош во Газа и немам тешкотии да ви кажам дека ова што се случува во последните недели, во последните денови е неоправдано и неприфатливо. Израел треба веднаш да ги запре овие операции, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчкото радио Скај, јави дописничката на МИА од Атина.

- Грција одржува стратешки сојуз со Израел и треба на нашите сојузници да им ја кажуваме вистината. Му имам кажано и директно на г-динот Нетанјаху дека ужасниот напад на 7 октомври не може да ги оправда операциите со непропорционална хуманитарна цена, рече Мицотакис.

Белград - Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Белград изјави дека од разговорите може да заклучи дека членството во ЕУ останува стратешка цел на Србија, јави дописникот на МИА.
Според неа, сепак  потребно е да се видат дела.

„Реформите се начинот на кој Србија ќе напредува на својот европски пат. Чекорите се јасни, слобода на медиумите, борба против корупцијата, изборна реформа“, рече Калас на прес-конференцијата по средбите во Белград.

Белград -  Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и на Украина.

Вучиќ на својот Инстаграм профил  објави дека имал посебен разговор со Зеленски за соработката во форматот Украина-Југоисточна Европа.

Брисел – Пратениците во Европски парламент денеска го поддржаа предлогот за зголемување на царините за ѓубрива и одредени руски и белоруски земјоделски производи со цел да се намали зависноста на ЕУ од овој увоз.

Предлогот за зголемување на царините за 50 отсто за земјоделските производи од Русија и од Белорусија е доставен од Европска комисија. Новите царини ќе влијаат и на шеќерот, оцетот, брашното и храната за животни, објави Парламентот.

Брисел - На Европската комисија не и е познато кои земји се поканети да учествуваат на собир во Москва следната недела, но останува на својот претходен став дека не треба да и се дава легитимитет на руската инвазија врз Украина со прифаќање на какви било покани од страна на Русија, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. 

Изјавата на Хипер беше одговор на новинарско прашање за ставот на Еврокомисијата за најавената т.н. Безбедносната конференција во Москва од 27 до 29 мај, на која според тврдењата на руските власти се поканети околу 150 земји, меѓу кои и „непријателски држави“. 

Вилнус – Германскиот канцелар Фридрих Мерц при денешната посета на Литванија изјави дека Германија и нејзините партнери се одлучни да ја бранат целата територија на НАТО. - Заедно со нашите партнери сме решени да ја браниме територијата на Алијансата од каква било агресија. Безбедноста на нашите балтички сојузници е и наша безбедност, наведе Мерц.

Тој потенцира дека е потребно да се зајакнат европските одбранбени капацитети на долг рок и да се прошири капацитетот на одбранбената индустрија. Според него важно е единството во НАТО за справувањето со Русија.

 

 

Остани поврзан