
Скопје, 27 март 2023
Штип- Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска одбележа 16 години од своето постоење. Пофалници и ваучери од 10.000 денари беа доделени на најдобрите дипломирани студенти во изминатава година. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека ова е мотивација за студентите, а доделувањето беше дел од Свечената академија по повод патрониот празник на Универзитетот, која се одржа во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет. Памела Реџеповска дипломирана студентка – инженер по компјутерски науки вели за наградените студенти ова значи дополнителна мотивација уште понапорно да учат и работат.
-Сметам дека наградите се одличен пристап за славење на напорниот труд и работа за време на академските студии на студентите. И самото најмало признание може да биде огромна мотивација за студентот, а исто така и да ги поттикне останатите студенти да работат уште понапорно, вели Реџеповска.
Чествувањата на Коцарев беа заокружени вчера со комеморативна церемонија одржана на неговиот гроб во париската општина Бонди, на која меѓу другите присуствуваа градоначалниците на Охрид, Кирил Пецаков и на париската општина Бонди, Стефен Ерве, како и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев и членови на семејството Коцареви од Охрид.
Градоначалникот на Охрид, Пецаков, го потенцираше значењето на делото на д-р Анастас Коцарев како една ретка и уникатна приказна на човек кој му подарил „големо нематеријално наследство“ на светот и најави низа иницијативи кои во координација со општина Бонди ќе се реализираат етапно, од именување улици и објекти во двете општини со неговото име, обележување на местата каде живеел и творел, до подготовки за пренесување на гробот на научникот во Охрид и отворање на музеј во неговиот роден град.
„Македонија и Франција имаат вистинска причина за уште едно поврзување и одговорност да работат на популаризација на научната оставнина на научникот“, рече Пецаков додавајќи дека д-р Анастас Коцарев припаѓа на ретките граѓани на светот кои планетарно дале придонес за општото добро на сите преку нивната научна и пожртвувана работа во медицината.