![МИА Најави - свет](https://mia.mk/images/20240704170419_big_730x400_9.webp )
5 јули 2024 (МИА)
Душанбе – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во посета на Таџикистан.
Мадрид – Бегоња Гомес, сопруга на шпанскиот премиер Педро Санчес, ќе биде сослушана во рамките на истрага за корупција.
Варшава – Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани во посета на Полска.
Техеран – Втор круг од претседателските избори во Иран.
Пном Пен – Шефицата на јапонската дипломатија Јоко Камикава во посета на Камбоџа.
Монтре – Во швајцарскиот град Монтре почнува 58. Џез фестивал и ќе трае до 20 јули.