• сабота, 11 мај 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

31 март 2024

Скопје - Промоција на  новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за претстојните парламентарни избори. (х. „Белви“ /12:00)

Скопје - Движењето ЗНАМ – За наша Македонија прес-конференција. (Простории на ЗНАМ бул. „Свети Климент Охридски“ бр.66 /13:00)

Скопје - Претседателите на политичките партии, дел од Европскиот фронт, ќе потпишат заедничка изјава за поддршка на програмата на кандидатот за претседател, Бујар Османи. (во х. Дабл три Хилтон/11:00)

Тетово - Претседателот на ДПА Мендух Тачи организира ифтар со активистите и членовите на партијата, каде се очекува да присуствува кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“ Бујар Османи. (Пречекот на гостите од 18:30/ ресторан „NB Palace“-Тетово; по завршување на ифтарот предвидени се изјави за медиумите од Тачи и Османи)

Скопје - Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ во кој се здружени 25 организации ќе потпишат Повелба за бојкот и водење на кампања за неизлегување на претседателските избори. (х. Континентал/12:00)

Скопје - Втор концерт со македонската премиера на оркестарска верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите. (голема сцена на Филхармонија/20:00)

Скопје -  Кид Експо - отворање на второто издание на детскиот саем. (хотел „Александар палас“/10:00-19:00)

___________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан