• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 март 2025 

Скопје - Одбележување на петгодишнината од пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата со обраќања на претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски, и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч, и со показни вежби на припадниците на Армијата. (Касарна „Илинден“ / 10:00; Пристигнување пред влезот во касарната најдоцна до 9:30) 

Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, ќе одржат заедничка тематска прес-конференција посветена на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија. (Медија-центар на Владата / 11:00) 

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе даде изјава за медиумите. (Министерство за здравство, горна сала/13:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на промоција на дипломирани и магистрирани студенти во академската 2023/24 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. (х. „Александар палас“ / 12:00) 

Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков за објавување на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата со кој ќе се поттикне развојот на креативните индустрии во 2025 година. (Даут-пашин амам / 11:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи 16-та седница. (На платформата Зум: https://zoom.us/j/93889604332?pwd=cQk3bxJbfY1B1WoL6Ehv11kriFPzIw.1 / 10:00)

Скопје - Прес-конференција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. (Граѓански ресурсен центар / 11:00) 

Скопје - Ден на франкофонските култури - училишна активност во рамки на Месецот на Франкофонијата, со обраќања на амбасадорот на Франција, Кристоф ле Риголер, и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. (ОУ „Киро Глигоров“ / 11:00) 

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. (Пред Општина Карпош, ул.„Радика“ бр. 9, барака 1/11:30)

Битола - Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола организира свечена академија по повод 80 години од основањето. (Офицерски дом / 19:00)

Скопје - Проекција на филмови и онлајн-разговор со авторката Меријам Тафакори во рамки на офф-програмата на 15. Филозофски филмски фестивал. (Музеј на современа уметност / 20:00)

Скопје - Изложба „Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство” на академскиот сликар Горан Боев. (Културно-информативен центар / 19:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан