
22 Мај 2025
БРИСЕЛ - Албанија ќе го отвори Кластер 3 на петтата конференција за пристапување кон Европската Унија.
АБИЏАН (Брегот на Слоновата Коска) - Врачување на наградата за мир „Уфуе Боани“ доделена од УНЕСКО на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
ОСЛО - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во посета на Норвешка.
ВИЛНУС - Германскиот канцелар Фридрих Мерц и министерот за одбрана Борис Писториус се во посета на Литванија.
ЊУЈОРК - Состанок на Советот за безбедност на ОН за заштита на цивилите во конфликти.
БРИСЕЛ - Пратениците во Европскиот парламент гласаат за воведување царински давачки за вештачки ѓубрива од Русија.
ПОТОМАК ФОЛС (САД) - Претседателот Доналд Трамп организира вечера за водечките инвеститори во криптовалути.
БЕЛГРАД/ПРИШТИНА - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ќе разговара со високи владини претставници, претставници на опозицијата, студенти и граѓанското општество, а потоа ќе замине во Приштина на средби со претставници на политичките партии и граѓанското општество, ЕУЛЕКС и КФОР.