• вторник, 17 септември 2024

Меѓу 20 и 50 лица се убиени во насилство меѓу илегални рудари во Папуа Нова Гвинеја

Меѓу 20 и 50 лица се убиени во насилство меѓу илегални рудари во Папуа Нова Гвинеја

Порт Морсби, 16 септември 2024 (МИА) - Меѓу 20 и 50 луѓе се убиени во насилство меѓу илегални рудари во Папуа Нова Гвинеја, изјави денеска претставникот на Обединетите нации, Мате Багоси. 

Насилството започна пред неколку дена и продолжува во долината Поргера, во близина на местото на лизгање на земјиштето во мај во кое се проценува дека загинаа повеќе од 2.000 луѓе, соопшти владата на оваа островска држава.

Хуманитарниот советник на ОН за Папуа Нова Гвинеја, Багоси, изјави дека вчера биле убиени најмалку 20 лица, врз основа на информациите од членовите на заедницата и локалните власти во провинцијата Енга во планинската внатрешност на земјата.

„Потврдивме дека се убиени најмалку 20 лица, но според последните вести што ги имам веројатно се работи за 50 лица. Борбите продолжуваат“, изјави Багоси, пренесен од американските медиуми. 

Тој истакна дека безбедносните сили почнале да пристигнуваат на локацијата на инцидентите. сд/

фото:Скриншот Ал Џезира

Остани поврзан