• недела, 24 ноември 2024

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство

Филаделфија, 16 септември 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „секогаш го осудувал политичкото насилство“ еден ден по вториот наводен обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

- Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство и секогаш ќе го осудувам, рече Бајден.

Трамп по вчерашниот инцидент, за кој постои сомнеж дека бил уште еден обид за атентат врз него, изјави дека е предизвикан од реториката на Бајден и на американската потпретседателка Камала Харис.

- Во Америка нашите спорови ги решаваме по мирен пат на избори, а не под закана со оружје, рече претседателот на САД.

Според Трамп, зборовите на Бајден и Харис предизвикале да се пука врз него. јт/

Остани поврзан