Мециновиќ: Кина заинтересирана за зголемување на увозот на македонско сортно вино
- СООПШТЕНИЕ: Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е во посета на Кина по покана на кинеското МНР, вчера оствари состанок во Џангџоу со Владата на Хенан (провинцијата која брои речиси 100 милиони жители и буџет од над 3 трилиони долари).
Скопје, 7 август 2024
Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е во посета на Кина по покана на кинеското МНР, вчера оствари состанок во Џангџоу со Владата на Хенан (провинцијата која брои речиси 100 милиони жители и буџет од над 3 трилиони долари).
Мециновиќ информира дека постои интерес во Хенан за увоз на македонско сортно вино и пласирање на истото на нивниот пазар.
Од провинцијата Хенан потекнува кинеската цивилизација. Денес, провинцијата ја храни Кина како земјоделски, така и индустриски.
Оттука потекнуваат скопските Јутонг автобуси, но и останати големи фабрички капацитети за производство, како оние за BYD автомобили.
ПП Левица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: Левица