• вторник, 23 јули 2024

Метрото во Париз двојно ќе поскапи за време на ОИ 2024

Метрото во Париз двојно ќе поскапи за време на ОИ 2024

Париз, 28 ноември 2023 (МИА) – Цената на билетот за метрото во Париз ќе биде речиси двојно повисока за време на Олимписките игри 2024, најавија денеска локалните власти, додавајќи оти жителите кои поседуваат пропусници ќе бидат заштитени од привременото поскапување, а на посетителите ќе им се наплатува „фер цена“.

„Ќе направиме нова пропусница за Париз 2024, која на посетителите ќе им овозможи патување низ целиот регион Ил-де-Франс. Ќе чини 16 евра дневно, а до 70 евра неделно. Тоа е фер цена“, изјави претседателката на областа Ил-де-Франс, Валери Песрес.

Таа појасни дека цената на билет за метрото ќе чини четири евра за периодот од 20 јули до 8 септември, додавајќи оти тоа нема да влијае на жителите во областа кои поседуваат редовна месечна или годишна карта.

Месечната карта, инаку, чини 84.10 евра.

Париз од 26 јули до 11 август идното лето ќе биде домаќин на Олимписките игри, а од 28 август до 8 септември ќе ги организира Параолимписките игри. ег/сд/

ФОТО: Икс

Остани поврзан