• петок, 05 декември 2025

Реал денес ќе го промовира Мастантуоно како свој играч

Реал денес ќе го промовира Мастантуоно како свој играч

Мадрид, 14 август 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Франко Мастантуоно, денес на неговиот роденден ќе биде претставен како играч на Реал, објави мадридскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Презентацијата на 18-годишниот Аргентинец ќе се одржи во 13 часот по што фудбалерот ќе разговара со новинарите.

Мастантуоно потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година.

Претходно младиот фудбалер одигра 62 натпревари за Ривер Плата, постигна 10 гола и имаше седум асистенции. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан