• недела, 22 декември 2024

Меси би можел да се врати во Барселона пред Светското првенство 2026

Меси би можел да се врати во Барселона пред Светското првенство 2026

Барселона, 4 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси би можел да се врати во Барселона пред Светското првенство во 2026 година. Ова го објави порталот „GolDigital“.

Договорот на напаѓачот со клубот од МЛС истекува на 31 декември 2025 година, тогаш тој ќе има 39 години. По ова, Меси може да го напушти Мајами и да замине во Барселона како слободен играч за подобро да се подготви за последното Светско првенство во кариерата.

Наводно оваа опција е поздравена лично од претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.

Меси играше за нив од 2004 до 2021 година. За клубот настапи на 778 натпревари, постигна 672 гола и 303 асистенции. Со каталонскиот клуб, Аргентинецот стана 10-кратен шампион на Шпанија и 4-кратен освојувач на Лигата на шампионите. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан