Медиуми: Се очекува Трамп денеска да го соопшти името на кандидатот за потпретседател
- Поранешниот американски претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп се очекува во следните неколку часа да го соопшти името на неговиот кандидат за потпретседател за изборите во ноември, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два упатени извори.
![Медиуми: Се очекува Трамп денеска да го соопшти името на кандидатот за потпретседател](https://mia.mk/images/20240715181057_big_730x400_86.webp )
Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп се очекува во следните неколку часа да го соопшти името на неговиот кандидат за потпретседател за изборите во ноември, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два упатени извори.
Претходно, „Фокс њуз“ објави и дека Трамп во текот на денот ќе го објави името на неговиот кандидат за потпретседател. рп/
Фото: МИА архива