• понеделник, 20 мај 2024

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

Скопје, 17 февруари 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Како што нагласуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. сст/дма/

Остани поврзан