• понеделник, 27 јануари 2025
МВР Билтен

Скопје, 25 јануари 2025 (МИА) - Во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 23:10 часот го лишиле од слобода С.И. (28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“. Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.

Вчера во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 18:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 15:50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 13:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.О. (37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18.45 часот на крстосница од улица ,,Маршал Тито" со улица ,,Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 12:20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(38). од Скопје, кој бил баран по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Вчера во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(26) од с.Горно Количани, скопско, кој бил баран по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На Граничен премин Долно Блаце, вчера во 23:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(43) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „АПСИ“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.    

Вчера во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(74) од Крива Паланка, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(80) од Крива Паланка и бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде што починал. Додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С. и сопатникот М.П.(47) од Крива Паланка. За време на вршење на увидот, во 17.39 часот, патничко возило „опел корса“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(71) од Крива Паланка, удрило во патничко возило „мерцедес“, сопственост на Јавното обвинителство Куманово и во четири полициски службеници кои биле на увидот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.С.(59) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „опел корса“, двајца полициски службеници и една полициска службеничка, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местот на несреќите извршиле јавен обвинител и увидна екипа на  СВР Куманово.

Во СВР Битола вчера во 15:21 часот било пријавено дека на регионалниот пат Демир Хисар – Битола, кај с.Драгожани, патничко моторно возило „рено" со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(18) од с.Суводол, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., а сопатникот А.Т.(23) од Демир Хисар се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

Вчера во 13.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Д.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 12:30 часот Љ.Т.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Лисец“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(84) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан