• понеделник, 27 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - На 25.01.2025 во 22.30 часот во Пробиштип, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип го лишиле од слобода А.Ј.(30) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски слуижбеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од СКопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (26.01.) во 00.55 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (26.01.) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.01.2025 во 01.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобоа И.М.(22) од Штип затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 11.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Р.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот на бул.„Киро Глигоров“ физички го нападнал Д.С.(50) од Крива Паланка. По целосно документирање на случајот бил поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 16.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.И.(71) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата партнерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Скопје поради сомнение дека со уште едно лице агресивно се однесувал и упатувал закани на вработен во Град Скопје кој извршувал службени дејствија и дека предизвикал пожар на дива депонија на ул.„Скупи“. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.01.2025 во 02.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Арачиново, скопско, во која никој не живеел и чии сопственици биле иселени, биле фрлени две шишииња со запалива материја, од кои едното предизвикало експлозија и пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 25.01.2025 во 10.06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци - Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ - Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

На 25.01.2025 во 14.10 часот во ОВР Гостивар, Ј.А.(45) од с. Вруток, гостиварско, пријавил дека околу 08.15 часот на улица „ЈНА" во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 година во 14.50 часот во ОВР Гостивар, З.Ф.(45) од с.Здуње, гостиварско, пријавил дека на улица „ЈНА" во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 25.01.2025 во 18.25 часот во ОВР Кичево, С.В.(66) од Кичево пријавил дека на улица „Димитар Влахов“ во Кичево бил каснат од куче скитник.бт/

Фото: МИА

Остани поврзан