• недела, 26 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - На 24 јануари во 22:15 часот во скопско Миладиновци, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Б., на возраст од 28 години од скопското село Трубарево. Тој се сомничи дека истиот ден, во периодот од 20 до 21 часот, со употреба на сила, влегол во дворно место на Љ.П., на возраст од 63 години од селото Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина - комбајн. Пронајдените одземени делови кај него, биле вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во периодот од 10:45 до 11:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР - Тетово извршиле претрес во домот на С.С., 46-годишно лице од Дреновец - Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ и 263 куршуми калибар 9 милиметри. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Синоќа во 21:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Ф.И., 29-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобда Р.Љ., 65-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.А., 30-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22:20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Гевгелија го лишиле од слобода А.П., 19-годишно лице од Неготино, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Гевгелија. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во 2:30 часот, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Гевгелија го лишиле од слобода М.А., 22-годишен гевгеличанец, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 21:30 часот на битолската улица „Крушево", полициски службници од СВР - Битола го лишиле од слобода од А.Р., 20-годишник од овој град, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документурање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 4:35 часот на улицата „Цветан Димов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го привеле А.Р., 34-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Синоќа во 23:30 часот било пријавено дека на булеварот „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., 25-годишно лице од Скопје, удрило во метална канделабра. Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 34-годишната сопатничка Л.Д. од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР - Скопје.

Синоќа во 20:40 часот во ОВР - Гостивар било пријавено дека на булевар „Браќа Ѓиноски“ во градот, патничко возило „фолксваген поло" со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Ф., на возраст од 26 години од овој град, удрило во пешакот, 48-годишната М.С.Р., негова сограѓанка.  Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила М.С.Р., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР - Гостивар.

Вчера во 15:15 часот во Полициската станица - Гази Баба, А.Б., 23-годишна скопјанка, пријавила дека на улицата „Јужноморавски бригади“ била касната од куче скитник.

Вчера околу 11 часот во Полициското одделение - Мирковци, С.Т., 67-годишна жена од Скопје, пријавила дека во викенд - населба Побожје била касната од куче скитник.

Вчера во 16:30 часот во ОВР - Неготино било пријавено дека на улица „4 Јули“ во градот, Л.Ќ., 59-годишна неготинка, била касната од куче скитник. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан