• петок, 12 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - На 11.07.2024 во 21.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(23) и А.М.(24), двајцата од Тетово.

МВР денеска соопшти дека при претрес на дом и помошни простории кај М.Л. и кај А.М., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Двете лица  се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од П.Т.(81) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.50 часот на крстосницата на ул.„Радишанска“ и ул.„Бел камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(57) од Р.Албанија и мопед управуван од М.Р.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.07.2024 во 12.50 часот во Полициска станица Кочани, било пријавено дека на ул„Иван Иванов Балашо“ во Кочани, П.Д. (32) од Кочани управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, паднала на коловозот. Во несреќата П.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

На 11.07.2024 во 06.50 часот  во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.О.(31) од Кавадарци.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.  По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.  

На 11.07.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Центар И.Т.(51) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 11.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Драчево Б.Л.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Китка“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива
 

 

 

 


 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан