• понеделник, 23 декември 2024

Партиски реакции за молитвата во Парламентот: Северна Македонија е секуларна држава

Партиски реакции за молитвата во Парламентот: Северна Македонија е секуларна држава

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Откако претседателот на Собранието, Африм Гаши на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како тој и претставници на невладини организации, Мерсиха Смаиловиќ, Сеад Џигал, Сафет Бишевац се молат во Собранието на седницата на која беше одбележан 11 јули, Денот на сеќавање на жртвите од Сребреница, следуваа низа партиски реакции во кои се нагласува дека Северна Македонија е секуларна држава и оти претседателот треба да се грижи за дигнитетот на Собранието.

СДСМ во партиската реакција наведува дека на верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во која било државна институција.

Скопје, 4 јануари 2022 

-Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е непочитување на Уставот, стои во соопштението. 

СДСМ повикува надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност.

Од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, со слична реакција дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на какви било религиски обреди.

-Движењето ЗНАМ ги почитува сите религии на припадниците на етничките заедници во Македонија, но сакаме да потенцираме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди. Согласно Уставот, Македонија е јасно декларирана секуларна држава, стои во партиското соопштение.

Портпаролот на движењето ЗНАМ Никола Мемов денеска на прес-конференција оценувајќи го изборниот процес, констатираше дека изборите се делумно фер и демократски. Според Мемов, имале нерамнопра

ЗНАМ потенцира дека религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени, додека политички, Собранието може на поинаков начин да го осуди геноцидот во Сребреница.

-Одговорноста е на Претседателот на Собранието да се грижи за дигнитетот на Собранието како и негова заштита од злоупотреби како највисок претставнички дом во Македонија. Овој чин на злоупотреба, исто како и непочитување на законот за употреба на знамињата, Движењето ЗНАМ го смета како чин на провокација и демонстрација на моќ од позиција на власт, преку прекршување на Уставот и законите на Македонија, реагираат оттаму.

Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС и ДУИ, кој нема никаква развојна компонента, 140 милиони денари се скратени од ставката „Студентски стандард”.

За Левица, Гаши „иницирал религиски обред - молитва во Собранието на Република Македонија со што директно е прекршен член 19 од уставот на Република Македонија“.

Дополнително, соопштуваат од Левица, тој не го испочитувал уставното начело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.
 
-Оценуваме дека ова анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција. За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик, велат од партијата, додавајќи дека  секуларноста е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесат интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие.

Од друа страна пак, потпретседателот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, излезе со поддршка за денешната активност во Собранието.

-Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници, наведува Лога во соопштението од Алијанса за Албанците.

Меѓутоа, се додава, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од „Скопје 2014“ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа "Свети Апостол Павле II". -Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој, додава тој.

За настанот на својот Фејсбук профил се огласи и Мерсиха Смаиловиќ, која учествуваше на одбележувањето во Собранието.

-Јас, Мерсиха Смаиловиќ, како претставник на невладината организација Диванхана, сакам да појаснам дека денешниот собир беше настан, а не седница на Собранието. Морам да ја поправам дезинформацијата за сликата што кружи денеска, а која прикажува детал од нашата иницијатива за одбележување на 11 јули, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, одржана во Собранието. Како модератор, го започнав настанот со поканување на присутните да одржат момент на тишина или да понудат молитва за жртвите на Сребреница, што е гест на почит, а не религиозен ритуал. Начинот на кој поединците избираат да го изразат овој момент, вклучително и дали избираат да се молат, е лична одлука што ги одразува нивните верувања и убедувања. Собранието не сноси никаква одговорност за овие лични избори. Оние кои се запознаени со церемониите во меморијалниот центар Поточаре ќе знаат дека почитта се оддава на различни начини, при што некои избираат молитва, а други тивко набљудуваат, секој според нивните лични чувства.11 јули секоја година се одбележува во Парламентот во различни формати, и за жалење е што беше политизиран како дел од секојдневната политичка борба, стои во нејзината реакција. нд/вг/

Фото: Фејсбук профил на Африм Гаши; МИА архива

 

Остани поврзан