• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 март 2023 (МИА) - Ноќеска во периодот од 00:00 до 04:00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации. Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок. На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик. За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, за кои се издадени соодветни платни налози.На 17/18.03.2023 од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Р.Турција, двајца од Р.Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Р.Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. На 18.03.2023 при контрола на патничко возило „хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45), кој управувал патничко возило „даимлер крајслер“ и Е.Д.(49), кој управувал патничко возило „тојота“, двете со грчки национални ознаки, доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи. Четирите лица се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.Вчера во 15:40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                         Вчера во 15:20 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Е.(31) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                         На 19.03.2023 во 02:20 часот во Велес, на Штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата ги лишиле од слобода Љ.В.(36) и А.М.(34), двајцата од Велес, кои биле со патничко возило, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(41) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.07.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас...                                        На 18.03.2023 во 18 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.С.(42) од Скопје пријавил дека на булевар „Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.свс/

Остани поврзан