• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - На 08.12.2024 во 06.15 часот во с.Кучевиште, Скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(26) од с.Кучевиште.

Тој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични  дела „разбојништво“ и „тешка краба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа  граѓаните.

Бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.

На 08.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна  полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

Денеска (09.12.2024) во 01.00 часот пред угостителски објект во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(22) од с.Марино затоа што кај него бил пронајден и одземен предмет со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 08.12.2024 во 22.30 часот на ул.„Васко Карангелевски" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 09.12.2024 во 02.50 часот, полициски лужбеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Д.(46) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Демир Капија, дека пред нејзиниот дом ѝ се заканувал со остар предмет.

Предметот бил одземен, а при преглед кај него била пронајдена и одземена растителна материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.12.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.В.(38) од Кавадарци кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено- поправната установа Затвор Идризово.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 08.12.2024 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.И.(38) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.

На 08.12.2024 во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов“ со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „ситроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан