МВР Билтен
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
МВР денеска соопшти дека на 13.10.2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената од дневниот пазар одзела 32.200 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 25.03.2025 во Тетово, пријавениот со патничко возило вршел јавен превоз на патници без да поседува на лиценца, издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“. На 21.01.2025, при извршена акциска контрола во продажно место во Тетово, сопственост на пријавениот, било констатирано дека во објектот се вршела продажба на текстилна роба, односно трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка и не кореспондира со прописите за индустриска сопственост.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Б.(28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 12.12.2024 во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед кај едно лице, при што пронашле и одзеле марихуана која претходно ја набавил од пријавениот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.Ј.(62) од општина Чешиново-Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле една ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 12 , која неовластено ја држела во својот дом.
СВР Штип поднесе известување против малолетник од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 04.04.2025 во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С. (20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На Градскиот стадион во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник и му упатувал закани.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.М.(62) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 21.03.2025 во дворот на семејната куќа на Д.М. во с.Цера, три кучиња во сопственост на пријавениот го нападнале и повредиле нејзиниот брат П.Ј..
На 21.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(19), Ф.Т.(24), М.К.(24), Н.С.(45), Б.С.(20) и А.Б.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 21.04.2025 во 15.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возилото „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
На 21.04.2025 околу 20.10 часот во СВР Штип било пријавено на ул.„Суитлак“ во Штип, И.Ј.(47) од Штип, управувајќи мопед без регистарски таблички, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 21.04.2025 во 07.45 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(48) од Република Грција затоа што при извршена контрола и преглед на патничко возило „сузуки“ со грчки национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени ловечки патрони со различен калибар. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 22.04.2025 во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачје на Центар во Скопје, две лица со закана со остар предмет кон вработениот одзеле пари од рецепцијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 21.04.2025 во 08.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(37) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.04.2025 во 23.30 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Д.(26) од с.Зелениково, постапувајќи по претходна пријава дека во 19.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Т.А.(36) од Пробиштип, со престој во Скопје и го оштетил неговото патничко возило „мазда“. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 21.04.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, од СОС - Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (22.04.2025) во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Р.(34) . Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 21.04.2025 во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во помошна просторија до куќата на М.И.(55) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во СВР Скопје било пријавено дека на 18.04.2025 околу 13.50 часот во село Петровец, по претходна расправија, О.П. бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/
Фото: МИА архива