
10 мај 2025
Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе го отвори хакатонот „Кликни безбедно“, кој е во организација на МКСафеНет/MKSafeNet, проект во рамки на Министерство за дигитална трансформација. (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)/10:30, пристигнување на медиумите/9:45, предвидена е изјава за медиумите во амфитеатарот на ФИНКИ)
Скопје - Панел дискусија на Академијата за европска интеграција (AEI): Тркалезна маса - Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025. (х.„Мериот“/9:00-13:00)
Скопје - Изјава на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за нова домашна инвестиција – приватна детска градинка и основно училиште. (Поранешен хотел „Гранит“, ул. „Миле Поп Јорданов“ бр. 44/11:00)
Скопје - Втор Студентскиот форум, организиран од Форумот за образовни промени. (Простории на cowork21, со ист влез како и ТВ21/10:00, изјави за медиуми во 13:00)
Скопје - Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани во организација на Македонската.Net заедница и Macedonian IТ-Pro User Group. (InnoX Innovation Center)
Скопје - 52. Државен натпревар по класични јазици и годишното собрание на Здружението на класични филолози „Антика“. (Филозофски факултет при УКИМ/11:00)
Скопје - „Европа низ детските очи“ - едукативно забавен настан по повод Денот на Европа, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. (Градски парк, Школка/11:00)
Битола - Настан „Визија кафе“ и премира на монодрамата „Не денес“ на Марјан Георгиевски во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од „Еко-свест“. (Мезе бар „Јагода“/11:00-14:00, Центар за култура во Битола/20:00)
Охрид - Во организација на Нуркачкиот центар Амфора од Охрид ќе се изведе подводна еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад. (Градско пристаниште - Охрид/11:00)
Куманово - Born 2 Run – Градење на заедницата преку спорт. (Градски плоштад „Нова Југославија“/12:00)
Скопје - Концерт на македонската рок група „Ареа“. („Јавна Соба“)
Омиш - Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри.
______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***