• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Денеска (27.11.2023) во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Н.(29) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

На 26.11.2023 во 13.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.11.2023 во 12.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.11.2023 во 11.50 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Б.(29) од Република Албанија. При контрола во автобус со албански национални ознаки, во кој се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

На 26.11.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(37) од Грузија, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека ерменската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.                                           

На 26.11.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Украина, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека украинската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (26.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 589 возачи. Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено свлетло...  

Во текот на вчерашниот ден (26.11.2023), во периодот од 16.00 до 20.00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Студеничани во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 46 возачи, од кои 27 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, три мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), две возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 26.11.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, В.П.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.

На 26.11.2023 во 15.50 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(62) од Скопје пријавил дека во Парк шумата Гази Баба бил каснат од куче скитник.

На 26.11.2023 во 00.10 часот во Полициската станица Драчево, Д.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан