• сабота, 29 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - На 30.05.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Џ.(38) и Ѓ.А.(49), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе следува соодветен поднесок.  

На 30.05.2024 во 15.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода П.М.(21) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 30.05.2024 во 22.20 часот на место викано „Прилепски пат“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода тројца малолетници од Велес. Тие биле затекнати во патничко возило и откако ги забележале полициските службеници од возилото фрлиле марихуана која била пронајдена до возилото и одземена. Малолетниците биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.05.2024 во 13.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во објектот на новиот објект на Противпожарната единица, лоциран во Старата касарна, биле пронајдени 32 пушки и една рачна бомба со потекло од Балканските војни. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал пушките и бомбата за понатамошна постапка.

На 30.05.2024 во 09.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Р.(29) од Република Албанија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.      

На 30.05.2024 во 11.15 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.О.(25) од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.      

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

На 30.05.2024 во 23.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, патничко возило „хјундаи генезис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(34) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 30.05.2024 во 10.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.,,Пролетерски Бригади“ во Струга, А.Т.(66) од с.Октиси, струшко, откако го паркирал патничкото возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, отворајќи ја предната врата удрил во велосипед управуван од Л.С.(63) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга. 

На 30.05.2024 во 18.42 часот во ОВР Дебар, од Општата болница Дебар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. од Дебар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл кој го управувал на ул.„Џавид Уштеленца“ во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

На 30.05.2024 во 20.35 часот во Полициската станица Центар, В.С.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 30.05.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(71) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.05.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци, скопско, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан