• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Денеска (22.05.2024) во 03.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 во 15.10 часот на подрачјето на  Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле од слобода Ф.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за с.Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Ф.Ф.Ј.(36) од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (21.05.2024), во периодот од 09.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 143 пешаци, од кои 123 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 93 други видови на сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците...  

На 21.05.2024 околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(47) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е.(75) од Велес. Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На 21.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.

На 21.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.

На 21.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 21.05.2024 околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. ев/

Остани поврзан