Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - На 23.01.2025 во 21.30 часот во Тетово на улица „Браќа Миладинови“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 00.00 часот во Тетово на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Ш.(18) и Р.М.(35), двајцата од с.Нераште. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и две дробилки. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 23.01.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која што патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(65) од Скопје, удрило во паркиран автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од Д.С.(56) од село Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот, Л.П.С., а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 23.01.2025 околу 15.40 часот, во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип–село Стар Караорман, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г.В.(40) од село Таринци, општина Карабинци, излетало од коловозот. Во несреќата Љ.Г.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија. При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско. По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.
На 23.01.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Д.(46) од Скопје пријавила дека на улицата „Ѓорѓи Крапчев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.01.2025 во 14.55 часот во Полициската станица Драчево, В.Д.(45) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 24.01.2025 во 00.50 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп, поради сомнение дека на ул.„Рампо Лефката“ во Прилеп со употреба на сила одзел предмети од паркиран автомобил. Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.
На 23.01.2025 во 14.45 часот во СВР Битола В.К.Б.(38) од Битола пријавила дека на ул. „Бранко Радичевиќ”во Битола била касната од куче скитник.
Фото: МИА