• сабота, 25 јануари 2025

МВР: Приведен крадец баран по потерница

МВР: Приведен крадец баран по потерница

Скопје, 25 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје, баран по потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела „кражба“.

-На 24.01.2025 во 23.10 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“. Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан