• среда, 21 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - На 20.08.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.08.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.08.2024 во 18.30 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода С.И.(50) од Гостивар затоа што кај него бил пронајден кокаин.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 20.08.2024 во 20.30 часот на локален пат од с.Боговиње кон с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода С.И.(37) од с.Боговиње, А.И.(34) од с.Боговиње и А.М.(43) од с.Горно Седларце.

Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, А.М. растурил кокаин по патосниците во возилото, кој бил подигнат за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.08.2024 во 01.00 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Л.(22), Е.И.(23) и Б.Р.(24) сите од с.Топлица, гостиварско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 20.08.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(75) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(50) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.08.2024 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот Ц.К.(67) од Штип, по што возачот со возилото го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.08.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“,патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

На 20.08.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Ристо Шуклев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од малолетник од Гевгелија и патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од З.К.(42) од с.Богородица, гевгелиско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

На 20.08.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 20.08.2024 во 17.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.Ш.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Хаџи Јован Шишко“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 20.08.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, З.А.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/  

 

 

 

Остани поврзан