• понеделник, 23 декември 2024

Кривична против 31-годишник за внесување девојка од Тетово во возило и напад

Кривична против 31-годишник за внесување девојка од Тетово во возило и напад

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка од Тетово во возило и за физички напад врз неа, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува во соопштението, од страна на СВР - Тетово, поднесена е кривична пријава против С.К. од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

- На 22 март во Тетово, пријавениот со употреба на сила внел девојка во неговото возило, по што физички ја нападнал, се додава во соопштението. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан